Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Кејт Мидлтон го има совршениот фустан за новогодишните празници
Новогодишната еуфорија почна и во кралското семејство, па Кејт Мидлтон и нејзниот сопруг принцот Вилијам гостуваа во емисија каде подготуваа новогодишни колачи.
За оваа пригода, војвотката избра совршен новогодишен фустан. Станува збор за црвен фустан со интересен дезен, кој совршено стои на нејзината боја на коса.
Кројот на фустанот е препознатлив за Кејт, но овојпат ја гледаме во една силна боја, за разлика од она на што сме навикнати, мирни нијанси.