Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Кејт Мидлтон ја ископира Меган Маркл: Блејзер кој мора да го имате
Кејт Мидлтон со својот сопруг, Вилијам, посети една од кралските фондации каде што се запозна со неколку деца.
Војвотката од Кембриџ изгледаше совршено во деловна комбинација која се состоеше од кариран блејзер, црна ролка и панталони.
Овој блејзер е дефинитивно нов додаток во нејзината гардероба. Истиот изглед имавме шанса да го видиме на почетокот на кралската турнеја со Меган Маркл и Принцот Хари, кога Меган носеше скоро идентична комбинација за посета на градот Дабу.
За разлика од Меган, која се одлучи за бел блејзер со линии, Кејт уште еднаш потврди зошто е модна икона, бидејќи дефинитивно го избра најмодерниот дизајн оваа сезона.