(Фото) Кендал Џенер за ручек избра фустан од 12 илјади долари

Добивај вести на Viber

Кендал Џенер веќе многу пати шокираше со своите комбинации на облека, како на пример, кога носеше чизми на „Сен Лорен“ во вредност од 10.000 долари за еден кошаркарски натпревар. Но, фустанот што го избра за ручек во Њујорк пред два дена повторно успеа да изненади.

Таа носеше тесен миди фустан од брендот „Ралф Лорен“, украсен со ленти во примарни бои и со белскав материјал, во вредност од околу 12.000 долари. Тоа е фустан од новата летна колекција, а Кендал го искомбинира со бели патики на Адидас. Што велите за оваа комбинација?