(Фото) Ким Кардашијан и Доналд Трамп на состанок во Белата Куќа!

Ким Кардашијан беше на официјална средба со Доналд Трамп во Белата куќа. 37-годишната реалити ѕвезда и 71-годишниот претседател на САД разговараа за реформите во затворскиот систем

Ким Кардашијан гордо и лидерски стои покрај Доналд Трамп на официјалната фотографија објавена на Твитер.

На состанокот, сопругата на Кание Вест побара помилување на Алис Џонсон, 63-годишна баба на која ѝ била досудена доживотна казна затвор.

Џонсон била приведена во 1996 година поради трговија со дрога и перење пари, откако 15-те нејзини соучесници сведочеле против неа и со тоа успеале да се извлечат од затворска казна, иако таа тврди дека имала само мала улога во нелегалните активности.

„Би сакала да му се заблагодарам на Претседателот Трамп за издвоеното време попладнево. Се надеваме дека Претседателот ќе ја помилува г-ѓа Алис Мари Џонсон која служи доживотна казна затвор за ненасилно кривично дело поврзано со дрога“ – напиша Ким на Twitter.

„Оптимистични сме за иднината на г-ѓа Џонсон и се надеваме дека таа, и уште многу како неа, ќе добијат втора шанса за живот“ – дополни таа.

Ким е втората личност во семејството, нејзиниот сопруг Кајне Вест кога го запознал Трамп добил и шапка за подарок. 


„Одлична средба со Ким Кардашијан денес, зборувавме за реформи во затворскиот систем и затворските казни“ – стои во твитот на Претседателот Трамп.

Средбата на Кардашијан и Трамп наиде на бројни критики. „Зошто оваа жена е поканета да дискутира значајни теми, кога е позната само по секс видео и покажувањето на нејзиниот задник во секоја прилика“, „Според мене ова навистина го сумира сето она што е погрешно со денешното општество“, „Америка достигна ново дно“ – се само дел од негативните коментари на интернет корисниците кои не се согласуваат ѕвезда од реално шоу да добива толку голема улога.

Ким беше придружувана од својата адвокатка Британи Барнет. „Денес е нејзиниот роденден, па нема поубав подарок од слобода на нејзиниот роденден“ – изјави Барнет за осудената Алис.

За средбата, Ким носеше црн костум и жолти обувки.