Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Ќерката на Љупка Митрова наполни 13 години: Тренди како мама
Љупка Митрова важи за една од највлијателните модни блогерки во нашата земја, и иако нејзиниот изглед воопшто не ја издава, таа е мајка на две прекрасни деца.
Елена и Сандра ги делат само две години разлика, а уште од мали години и двете се изложени пред очите на јавноста. Љупка постојано споделува фотографии со нејзините наследнички, а истите се доказ дека тие ја имаат наследено убавината на мајка си.
Овојпат блогерката сподели фотографија од поголемата ќерка која наполни 13 години. Облечена во целосен тексас стајлинг- односно фустан-јакна, убавата Елена е навистина тренди како мама.