(ФОТО) Ќерките на кралицата Летиција ја засенија мајка си: Тренди фустани во склад со годините!

Добивај вести на Viber

Тие го наследија совршениот моден вкус од нивната мајка

Кралицата Летиција (48) се појави на годишното доделување на наградите на принцезата од Австрија во Овиедо во друштво со сопруг, кралот Фелипе Шести и нивните две наследнички.


За оваа специјална пригода, убавата шпанска кралица носеше цветен фустан со должина под коленото со потпис на модната креаторка Каролина Херера, чии модели обично ги носи.


Кралицата Леитиција, сите се навикнати да ја гледаат во беспрекорна облека, а овој пат целото медиумско внимание го украдоа нејзините ќерки Леонор (14) и Софија (13).

Постарата Леонор блескаше во бел фустан со дискретни шари и карнери, додека Софија носеше црвен фустан со ремен на половината.


Девојките веќе во неколку наврати покажаа дека го наследиле добриот моден вкус од нивната мајка, и иако можат да си дозволат најскапа облека од дизајнери, принцезите се здобија со бројни симпатии затоа што често носат парчиња облека достапни за секого.


 Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Кралицата Летиција објасни како изгледа совршен стајлинг за жени во 40-те години

(ФОТО) Кралицата Летиција во ефикасна деловна комбинација: Модерни, но непријатни панталони за носење