(ФОТО) Класични и елегантни: Зоран и Зорица Заеви на Виенски оперски бал

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица ја имаа честа годинава на Виенскиот бал да седат токму до канцеларот и првата дама на Австрија, Себастијан Курц и неговата сопруга.

Заеви како почесни гости на канцеларот Себастијан Курц беа дел од престижниот Виенски оперски бал. Тие од претседателската ложа ги следеа случувањата на подиумот на Државната опера.

За гламурозниот настан, двојката Заеви се појави во проверена класична варијанта во која доминираше црната боја.

Зорица со својата препознатлива црна фризура, изгледаше елегантно во долг црн фустан со чипкани ракави. Додека премиерот Зоран се одлучи за костим во согласност со правилата на Виенскиот оперски бал, сличен на оној на канцеларот Курц.