Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Клаудија Шифер блесна на премиерата на биографскиот филм за Елтон Џон
Поранешниот супермодел Клаудија Шифер блесна на премиерата на Rocketman во Лондон, биографскиот филм за Елтон Џон. Германската убавица на црвениот килим се појави во елегантен шарен фустан, а во преден план беше нејзиното деколте.
Клаудија, која со задоволство позираше пред фоторепортерите, покажа дека е во завидна фирма и на 48 години. Друштво ѝ правеше сопругот, познатиот британски режисер Метју Вон со кого се венча во 2002 година и има три деца.