Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Кога се спојат Versace и Bvlgari се добива златно издание на Бела Хадид
Модните експерти со нетрпение го исчекуваат секое појавување на Бела Хадид на црвениот тепих имајќи предвид дека една од денес најплатените манекенки како вистинско олицетворение на гламур и добар стил никогаш не остава рамнодушен никого.
Помладата сестра на Џиџи Хадид со своето најново издание остави без здив кога се појави во златен фустан од италијанската модна куќа Versace.
Златниот фустан кој ја следи линијата на телото е инспирирана од гламурозните иданија кои супермоделите како Наоми Кембел, Клаудија Шифер и Синди Крафорд ги носеле на ревиите на Versace, а за оваа сезона Бела ја споила комбинацијата со проѕирни сандали и луксузен Bvlgari накит.