(ФОТО) Конечно моден гаф на Кејт Мидлтон: Ја облече кошулата наопаку
Кејт Мидлтон со своето последно појавување во јавноста, по повод посетата на Детскиот центар „Ненри Фауцет“ во Лондон, воодушеви со елегантен стајлинг, но модните критичари сепак и пронајдоа маана.
Војвотката од Кембриџ облече свилена чошула, женствени панталони со предимензионални ногавици, а целата комбинација ја заокружи со црни високи потпетици.
Иако ова издание е женствено и елегантно, модните критичари зебележаа дека виолетовата кошула од модниот бренд „Гучи“ ја облекла погрешно. Имено, овој модел се закопчува позади, додека Кејт ја закопчала напред.
Иако поради големата панделка ова не беше толку забележливо, сепак остана нејасно дали сопругата на принцот Вилијам ја облече кошулата погрешно или пак тоа го направи намерно, како некој вид на моден бунт.