(ФОТО) Кралица на невкусот: Модните критичари ја нападнаа Рита Ора

Добивај вести на Viber

Дефинитивно знае како да привлече внимание и веројатно воопшто не ја засегаат лошите коментари за нејзиниот моден израз. Поп-ѕвездата Рита Ора повторно се најде на тапет кај модните критичари, овојпат во фустан необично пресечен кај стомакот. Пејачката одбра и сандали со ист принт како фустанот.

„Навистина е забавно да ја гледате, но истовремено и многу вулгарно“, е еден од лавината коментари кои Рита Ора ги предизвика со овој аутфит.

„Овој стајлинг повеќе наликува на сценски костим, отколку на тоалета достојна за црвен килим“, напиша друг реномиран критичар.