(ФОТО) КРАЛИЦАТА ЛЕТИЦИЈА ВО ФУСТАН КОЈ БИ ГО ПОСАКАЛА СЕКОЈА ЖЕНА: Огнена боја и 10 години помлад изглед!
Кралицата Летиција често носи црвена боја - таа доминантна, впечатлива нијанса која во исто време издишува самодоверба, став, заводливост и женственост.
Уште кога се избере совршениот крој, во прашање е фустан кој може да го носи секоја жена, независно од градбата и килограмите, бидејќи стои апсолутно на секој.
Токму таква избра за доделувањето на наградите на eдно шпанско здружение.
Прекрасната тоалета сечена во струк и која елегантно паѓа се до под колената, ја вклопила со лакирани црвени сандали со потпетица и тенок црн ремен.
За оваа прилика , Летиција се одлучила за фризура нетипична за неа - горниот дел од косата и шишките ги собрала во опавче, кое паѓа позади во нежни, природни бранови.
Прекрасните обетки и дискретна бразлетна ги заокружиле нејзината дамска и елегантна, но впечатлива комбинација, а плус Летиција поради фризурата и кројот на фустанот изгледа навистина младолико.
Дали би го ископирале стилот на кралицата Летиција во некоја свечена прилика: Кажете ни во коментар.