(ФОТО) Кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа

Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, настрада ова утро во сериозна сообраќајна несреќа во Германија.

Како што велат првичните информации, несреќата се случила во градот Билефелд, во северозападниот дел на Германија.

Несреќата се случила по концертот на Шаулиќ во Билефелд, а пејачот бил пренесен во болница по несреќата, каде што, за жал, и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите.

Според полицискиот извештај, две возила слетале од патот и ги погодиле банкините, а првите информации биле дека тројца луѓе од Сеат Ибица се повредени.