Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Кралско сини панталони за секоја пригода: Нина Бадриќ во совршен пролетен стајлинг
Пролетта е совршено време за во своите модни комбинации да внесете весели бои и шаренило. Тоа очигледно го знае и пејачката Нина Бадриќ.
Хрватската ѕвезда за опуштена прошетка се одлучи на лесни кралско сини панталони во цигарет крој.
Овој пролетен модел е искомбиниран со сребрени високи потпетици, црна кошула со бели точки, додека преку нагрна капут со шарен дезен.
Црвената чанта и обетките во облик на цвет го заокружија овој стајлинг, а широката насмевка на лицето е доволна за да се види дека Нина ужива во пролетта.