(ФОТО) Кратки фустанчиња: Топ 5 предлози за втора или трета матурска вечер
Матурската треска е на повидок. За најспецијалните вечери во вашиот живот, сигурно размислувате уште одамна. Секој ум си носи своја приказна. Секоја приказна содржи различни желби. Идеите во врска со матурскиот стајлинг се бесконечни, но изборот на вистинскиот, отсекогаш бил најдолгиот процес на одлучување.
Првата вечер од матурските прослави ја носи гламурозноста како најважен дел од својата дефиниција. Најмногу идеи, енергија и време се трошат за подготовката на конечниот матурски изглед.
Но, овојпат ви нудиме нешто поразлично, предлози кои ќе ви помогнат во стилскиот избор за останатите вечери.
Идеалните кратки фустанчиња се број еден кога станува збор за овие прослави, со многу танцување до раните зори. Чувстувајте се опуштено во вашата облека, но и моќно и заводливо.
1. Шарено фустанче со геометриски дезен
Никогаш нема да погрешите доколку изберете фустанче кое носи доза едноставност, но и доза кул изглед. Геометиркиот дезен е „ИН“ оваа сезона, а вакво фустанче дозволува да изберете чанта и високи потпетици во каква боја и да посакате.
2. Мал црн фустан
Фустан што е вечна класика и одговара со секоја фризура. Може да го комбинирате со чанта и високи потпетици во иста боја (црвена, бела, жолта, сина...) и да изгледате елегантно и фенси.
3. Фустанче во неон боја
Неонските бои оваа сезона дефинитивно се тренд број еден. Бојата создава ефект со кој веднаш ќе им паднете во очи на сите присутни. Одличен избор е да изберете фустанче во неон боја и со гол грб.
4. Кратко фустанче во црвена боја
Ова е исто така еден класичен избор, кој стои одлично на секоја девојка. Изберете фустанче во црвена боја и ќе изгледате софистицирано и ќе се чувствувате како вистинска принцеза.
5. Фустанче со реси
Последниот предлог е фустанче со реси во нежна крем боја. Собрана пунџа и едноставни салонки и чантичка-полн погодок за прослава!
Што и да изберете, најважно е да се чувствувате свои, само така ќе бидете ѕвезда на вечерта!