(ФОТО) Купувајте поголем конфекциски број: Трикови од светските дизајнери
Иако ги сакаме и цениме елеганцијата и парчињата
гадероба што ни одговараат совршено, мора да се грижиме и за удобноста.
За среќа, некои парчиња изгледаат поубаво кога се поголеми од вообичаената големина. Материјалите како што се памукот и волната честопати се намалуваат при перењето, па затоа е секогаш подобро да купувате пошироки модели што ќе ве направат да се чувствувате подобро и поудобно, но исто така како што одминува времето, џемперот и да се поднамали од перењето поради поголемиот број, нема да има потреба да го отстраните од вашиот гардеробер.
Без разлика колку сте високи, со овие модни совети ќе изгледате поубаво и повисоко. Затоа, кога ги купувате овие три парчиња облека, секогаш купувајте го поголемиот конфекциски број.
Џемпери од волна
Без разлика дали ќе изберете плетен фустан или волнен џемпер, секогаш купете го поголемиот број, затоа што, тие изгледаат толку шик, стилски, а пред сè, се пријатни.
Кошули
Белите транспарентни кошули изгледаат многу поелегантни кога не се припиени за телото, а тоа многу добро го знае и Анџелина Џоли, која носи бела неприпиена кошула кога и да има можност.
Широки маици со кратки ракави
Не е лошо да имате тесни маици исто така, но ќе добиете многу поубав впечаток со „оверсајз“ маичка позајмена од неговиот плакар.