(ФОТО) ЛЕТНА КОМБИНАЦИЈА ЗА ДЕСЕТКА: Меланија Трамп во цветни панталони во кои ќе се вљубите
Кога е во прашање Меланија Трамп, веќе се навикнавме на модни погодоци кои се редат еден по еден без разлика на пригодите.
Иако претежно избира фустани кои ја следат нејзината линија на телото, Меланија умее и тоа како да изненади со изборот на облека, како контроверзната јакнА со натпис која предизвика скандал и спортска комбинација со која го воодушеви светот.
Сепак, не требаше долго првата дама на Америка да му се врати на својот стил - елеганција и високи штикли.
За враќање во Вашингтон со сопругот Доналд и синот Барон избрала хит цветни панаталони кои ги комбинирала со бела кошула.
Посебен печат на целиот изглед и дале жар жолтите салонки со висока штикла.
Откако фотографиите се појавија на Интернет, дамите се воодушевија со толку едноставна, а практична и убава комбинација, што многумина посакаа да го ископираат овој стил на Меланија Трамп.
Дали ви се допаѓа? Споделете со нас во коментари!