(ФОТО) Летна модна инспирација: Александра Илиевска со тренди комбинации
Никогаш не е доцна да научиме да му се радуваме на животот без разлика на околностите и окружувањето. Зарем не дволно голема причина тоа што е лето, што го живееме јули, еден од најубавите месеци во годината, што можеме да дишеме со полни гради и да викнеме силно – Ах, животот е убав!
Водителката Александра Пановска Илиевска ја има усовршено умет(ш)носта на живеењето до перфекција, и секогаш избира одлично модни комбинации со кои не воодушевува.
Долг летен фустан достапен во веб продавницата на Линеа
Познатата водителка на кулинарското шоу „Брза кујна“ направи одличен избор за себе, нарачувајќи си го овој прекрасен цветен фустан од веб-продавницата www.linea.mk.
Комбинацијата со модната чанта и сандалите потврдуваат дека Александра Пановска Илиевска има беспрекорно чувство за убав изглед и знае како да ја истакне својата убавина.
Вака изгледа кога „Линеа“ пристига во вашиот дом и знаеме да кажеме дека ова е всушност кутија полна со радост, затоа што сме сигурни дека ќе предизвика широката насмевка, како оваа на Александра Пановска Илиевска, што мора да се сложите е сепак најубавиот моден додаток.
Летен фустан во риги со жолти детали
Покрај фустанот со цветен дезен, познатата водителка за оваа сезона си одбра уште еден фустан во риги со минимални жолти детали кои му даваат свежина и го прават уникатен.
Фустанот е достапен во веб продавницата на Линеа
Александра има уште една, овојпат модерна и лежерна комбинација за ова лето. Станува збор за едноставна еднобојна маичка, во комбинација со фармерки и патики.
Погледнете ги сите модели од летната колекција во веб продавницата на „Linea“. Дел од моделите се со намалени цени, нарачајте и за еден до два работни дена очекувајте ја вашата кутија полна со радост.