(ФОТО) Лидија Вукиќевиќ изгледа многу помладо од другарките од основно
Актерката Лидија Вукиќевиќ која наскоро ќе наполни 57 години, често добива комплименти за својот изглед, а една од најновите фотографии на нејзиниот Инстаграм профил предизивика многу коментари.
Актерката се сретна со своите другарки од основното училиште, а средбата ја овековечија со фотографија. Под неа, дел од коментарите велат дека Лидија изгледа многу помлада од своите другарки.
„Другарките и јас од основното училиште „Светозар Марковиќ“, по многу години повторно заедно“, напиша актерката под фотографијата.
„Јас не знам дали вие сте единствена која ја имате таа привилегија да не стареете. Преубава сте, искрено госпоѓите делуваат многу постаро. Што пиете, што јадете, или пак имате само здрави и убави мисли и исполнети сте на секое поле па така плените?“, вели највпечатливиот коментар.