(ФОТО) Љубовната приказна на Цеца и Аркан: Дали тој навистина ѝ ја скрати косата?!

Добивај вести на Viber

Пред точно 21 година е убиен Аркан, тогашен сопруг на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ.

Нивниот заеднички живот, од запознавањето до неговата смрт, траел седум години, но и ден денес се пишува, зборува за нивната љубов. 
A особено интригантно, засекогаш нерешено прашање остана дали Аркан навистина ја скрати косата на Цеца?!

Како што и самите многу пати изјавиле, Светлана Ражнатовиќ и нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ, попознат како Аркан, се вљубиле на прв поглед. Кобниот момент помеѓу Цеца и Аркан се случил на 2 ноември 1993 година, во хотелот Интерконтинентал, каде таа веднаш го привлекла неговото внимание.

Ги споил Оливер Мандиќ, кој ги ангажирал Цеца и Џеј да пеат на некоја прослава на 11 октомври 1993 година.
-Тоа беше љубов на прв поглед, нормално. Јас страшно се плашев од него и не ми беше симпатичен. Читав многу за него и имав искривена слика за него, кога требаше да пеам со Џеј тој ден - се присети тогаш Цеца како гостинка на Пинк во 1996 година.

 - Слушнав дека сум ѝ ја исекол косата на Цеца. До тој ден на прославата, Цеца не ја поознавав, ниту ја имав видено во живо. Кога дојде, тие ми ја претставија како девојката на која ѝ ја исеков косата. Така се запознавме - рече тогаш Аркан, а потоа Цеца го прекина:
- Не беше така, туку: „Дозволете ми да ја запознаам таа девојка Цеца, навистина ми е драго што ќе ја запознаам девојката што ја шишам една година, а не ја познавам“. Тогаш сите се прашуваа дали носам перика - рече Цеца во 1996 година во емисијата „Максовизија“. 

Откако ја запознал Цеца, Аркан се развел по 13 години брак со тогашната сопруга и веќе имал седум деца.

По стравот, следуваше љубов и венчавка на деценијата!

Цеца и Аркан стапнаа на лудиот камен на 19 февруари 1995 година. Аркан, во колона од 60 џипови, се упати кон Житораѓа за да ја донесе Цеца во неговиот дом. За оваа прилика тој носеше црногорска народна носија, а Цеца српска.
Аркан успеа да го погоди јаболкото на бајракот само по шестиот пат, по што влезе во куќата на Величковиќ и ја зеде Цеца со себе, а ја купи од нејзината сестра Лидија.
Сестрата на Цеца доби неколку илјади марки, како и златни часовници, прстенот на Аркан и дијаманти. 

Црковната венчавка на Цеца и Аркан се одржа во црквата Свети Архангел Гаврил во Белград. Цеца носеше прекрасна бела венчаница со долг вел на црковната венчавка, додека Жељко носеше униформа на српски офицер со голем крст околу вратот. 


Свадбата на Цеца и Аркан беше покриена од над 150 новинари и фоторепортери, додека снимките од венчавката беа емитувани на 560 телевизиски станици низ целиот свет, цела една деценија. 

Вељко Ражнатовиќ дојде на свет по една година, во декември 1996 година, а Анастасија во 1998 година. 

Сопругот на Цеца беше убиен на 15 јануари 2000 година, пред точно 21 година, во белградскиот хотел „Интерконтинентал“, каде двајцата се запознаа и се венчаа.

извор:glossy.espreso.rs
Директна и искрена: Се огласи Цеца по објавите за нејзиното ново момче
ГАЛЕРИЈА од нивната венчавка: