Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Лоба го има совршениот костим за ова лето
Викторија Лоба ужива во убавините на Санторини, Грција. Атрактивната пејачка го има совршеното модно парче за ова лето. Едноделните костими за капење во пастелни бои повторно се во тренд.
Лоба на популарниот остров на зајдисонцето е во друштво на нашата продуцентка и диџејка со интернационална кариера Марга Сол која на 30 јуни стана првиот македонски артист што настапи во светски познатиот ланец-бренд „Буда Бар“.
- Работам на комплетно нов материјал со Викторија Лоба која наскоро ќе се
претстави со модерен звук - ни откри Марга неодамна.