Култура // Настани
(Фото) Македонската претставничка со пристојно деколте и кратко фустанче на црвен тепих
Македонските претставници овие денови се во Лисабон, Португалија каде што почнувајќи од утре се до сабота ќе се одржи најпопуларното музичко шоу Евровизија.
Групата Ај Кју која со многу труд дава се од себе на секоја проба, а доказ се видеата кои ги објавува евровизискиот сајт.
Овој пат тие прошетаа на црвениот тепих со стил. Бојан Трајковски носеше елегантен костим со црни детали, додека Марија Ивановска кратко фустанче на преклоп.