Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Макси фустан со точки и влечки: Моника Белучи на одмор во Грција
Италијанската актерка и една од најубавите жени во светот Моника Белучи е фотографирана на своето летување во Грција, и во ваква опуштена пригода изгледа негувано.
Имено 55-годишната Моника веќе некое време ужива на островот Парос со пријателите и ќерките, каде отидоа со приватен авион.
Таму таа е фотографирана во макси фустан со точки, надополнет со темни очила за сонче и обични влечки за на плажа. Цело време со себе носеше бела капа за заштита од сонцето.
Несомнено е дека и покрај своите години актерката изгледа фантастично. Додека е фотографирана на ручек во еден ресторан, таа пиела само обична вода, па на многумина им е јасно како успева да одржи така младолик изглед.
Фото: Profimedia