(Фото) Малиот херој Јане снима спот со легендата Фиго

Добивај вести на Viber

Деветгодишниот Јане кој боледува од спинална мускулна атрофија е познатата ѕвезда од Македонија. Прво беше атракција со фудбалерите на неговиот омилен тим Манчестер Јунајтед, а денеска во Лион играше фудбал со фудбалските ѕвезди Луис Фиго и Ерик Абидал.

Јане по покана на УЕФА се наоѓа во Лион, каде снима видео спот за кампањата „Еднакви на терен“. Јане во друштво на Фиго и Абидал во спотот играат мал фудбал.

„Секој треба да може да ужива во фудбалот. Без разлика кој си, од каде си или како играш“, е пораката која УЕФА ја испраќа со кампањата „Еднакви на терен“, а Јане е еден од лицата на кампањата.


„Покрај за прославата на една година од почетокот на кампањата ‘Еднакви на терен‘, Јане е поканет да го гледа и финалето во Лига Европа меѓу Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид, што ќе се игра во Лион“, изјави Деница Велковска мајката на Јане.