Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Мантилот од H&M хит меѓу модните блогерки-ќе ве освои и вас
Зелениот мантил од колекцијата пролет/лето 2018 од брендот H&M е хит на Инстаграм.
Денес ви претставуваме уште еден „дијамант“ од Инстаграм. Модните блогерки до неодамна беа вљубени во розевите панталони на брендот Зара, цветните фустани и црвена кошула со вратоврска од Манго. Дали ве интересира кое модно парче сега е во центар на вниманието?
Почитувани дами, ви го претставуваме зелениот мантил од пролетната колекција на H&M.
Дали се прашувате дали е вредно да се вложи во ваков мантил? Па, ние сме љубители на класиката или беж верзијата, но многу ни се допадна оваа верзија во зелена боја, како и комбинациите на модните блогерки токму со овој мантил. Со овој мантил дури и наједноставниот стајлинг ќе има стилски израз.