ФОТО: МАРЈАНА ВО ПРОЅИРЕН ФУСТАН НА МАТКА

Добивај вести на Viber

Во провокативен тигрест фустан, водителката Марјана Станојковска се фотографираше на кањон Матка и ја објави сликата на својот инстаграм профил.

Марјана е заштитно лице  на неколку наши познати брендови на костими за капење и на емисијата на игра за среќа „Лото“. За Женски магазин, таа изјави дека редовно ги следи летните трендови. 

„ Иако на пазарот може да се најдат костими со разни украси, принтови, интересни детали и кроеви , сепак веќе неколку лета едноделните костими го задржуваат приматот на омилени кај девојките. И низ нашите продавници има навистина голем избор на модели од светски познатите брендови, што верувам дека ќе ги задоволат вкусовите на сите потрошувачи. Костимите за капење во бела, сина боја и маслинесто зелена би ги издвоила за ова лето“, ни изјави Марјана. Таа вели дека годинава можеби нема да има време за летен одмор поради тоа што и во текот на летните месеци е ангажирана со лото извлекувањата, секоја среда и сабота.

„ Деновите кога немам емисија ги користам да отидам до Охрид или пак до Грција. Мој омилен модел на костим за капење е во бела боја, неважно дали е едноделен или дводелен“, ни раскажа Марјана.