ФОТО: Меган Маркл е модна инспирација за Анџелина Џоли
Кралското семејство постави нови стандарди во модниот свет, а очигледно и холивудските ѕвезди не можат да одолеат на нивниот елегантен и класичен изглед.
Иако не присуствуваше на кралската свадба на принцот Хари и Меган Маркл, сепак Анџелина Џоли беше пример за софистициран шик изглед кога се појави на службата за комеморација и посветеност на најраширениот ред на Свети Михаил и Свети Ѓорѓи во Лондон.
Познатата 43 годишна актерка на церемонијата се појави во креација на Ралф и Русо во сива нијанса, комплетиран со сиви ракавици, чевли со висока потпетица, чанта во иста нијанса, аксесоар за коса и златен брош.
Очигледно е дека Маркл била вистинска модна инспирација за изборот на аутфит на Џоли и тоа не само за облеката, туку за изборот на минималната шминка.