(ФОТО) Меган Маркл и Каролина во исти чизми

Добивај вести на Viber

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл и поп дивата Каролина Гочева во ист модел на чизми. Меган високи чизми до колена носеше пред некој ден на Remembrance Day, денот кога се присетуваат на британските војници кои загинаа во Првата светска војна. Војвотката за овој настан одбра елегантна комбинација, во која како и секогаш изгледаше елегантно и префинето.

Но, она што на сите особено им го привлече вниманието беа црните чизми до колена. Истите се со потпис на Викторија Бекам, чија цена на попуст била 1250 фунти.

Кај нас, овој модел сигурно не можете да го најдете, ама затоа на страната на Fashion Group Македонија пронајдовме два модели кои се слични на чизмите на војвотката кои можете да ги носите во секоја пригода.

Ваков модел на висока чизма до колена носеше и поп дивата Каролина Гочева на последната нејзина фотосесија за брендот Mаngo.

За оваа фотосесија Каролина носеше светло крем чизми до колена.

Пејачката е подолго време заштитно лице на брендот и многу често фотосесиите создадени од фотографите Ани и Дими се направени на необично убави места.


Првиот модел е на брендот GEOX и чини 12.590 денари.

Вторниот пак, е на брендот MANGO и чини 9.990 денари.