(Фото) Меган Маркл конечно во фустан со впечатлива боја

Добивај вести на Viber

Откако стапи во брак со принцот Хари, Меган Маркл е постојано во центарот на вниманието.

Парот присуствуваа на настан за млади лидери од различни земји, а во говорот принцот Хари откри дека во иднина има план истите да ги посети заедно со својата сопруга.



Сепак, ѕвезда на настанот беше Маркл која воодушеви со фустан со едноставен крој во жолта боја, кој е дел од колекцијата на брендот Брендон Максвел и чини 1.300 фунти.

Изгледот го комплетираше со нежна шминка и препознатливата пунџа, со која веќе неколку пати до сега беше забележана во јавноста.