(ФОТО) Меган Маркл облече удобни римјанки наместо штикли

Добивај вести на Viber

По завршувањето интересниот викенд во Сиднеј, Меган Маркл и принцот Хари отпатуваа за Австралискиот остров Фрејзер ова понеделничко утро.

Меган, која неодамна ја објави својата бременост, носеше фустан во вино боја со бели точки од Сара Флинт. Косата и беше врзана во нејзината омилена фризура деновиве- коњско опавче, но она што остави најголем впечаток беа обувките.

Меган носеше кафеави римјанки со врвки. Очигледно е дека во бременоста, Меган преферира да се движи на ниска пета во удобни обувки.

Меган дојде сама на Hervey Bay Eco Marine, и доби букет од присутните, додека нејзиниот сопруг ќе и се придружи кон крајот на денот.