(ФОТО) Меган Маркл во евтин фустан од 30 фунти
Турнеите на војвотката од Сасекс низ Пациификот се претвараат во вистинска модна ревија, а светските медиуми го анализираат стилот на новата модна икона и идна мајка. Британските медиуми веќе внимателно ги избројаа сите креации на Меган Маркл во текот на двонеделната турнеја. За 14 дена, таа смени 21 фустан и 14 чифта чевли.
Токму како нејзината добра пријателка, Аман Клуни, Меган е голем љубител на скапоцените фустани со цени од кои може да ви се заврти во главата. Но, за време на посетата на Велингтон на Нов Зеланд, Меган сите ги изненади со својот скромен фустан.
Под впечатливиот мантил, таа носеше ефектен труднички фустан на популарната британска онлајн продажна мрежа Асос, чија цена е околу 30 фунти, или нешто повеќе од 2.000 денари. Станува збор за минималистички фустан во црна боја со должина над колениците која убаво ја нагласува линијата на Меган која на пролет ќе стане мајка.
Фото: Профимедиа