(Фото) Меланија не слуша со едното уво, треба да и се извадат крајниците, а нема пари ни за крвна слика

Добивај вести на Viber

Седум годишната Меланија од Куманово, од населбата Бабин Дол, треба да направи брисеви и крвна слика препорачани од лекар, за да и се препише соодветна терапија и да и се извадат крајниците.

Таа на 3,5 годишна возраст имала воспаление на левото уво, по што не слуша.

Таткото Трајко Василевски кој зад себе има тешко минато, вели дека за него и 150-200 денари се многу, и се што сака е неговите ќерки Меланија и двегодишната Габриела да бидат среќни.


Меланија оди на училиште и многу сака да учи, а таткото сака да и овозможи услови.