Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Меланија Трамп во тексас кошула која веќе ја „прошета“ Викторија Бекам
Медиумите не престануваат да пишуваат за модниот стил на Меланија Трамп која многу светски критичари веќе ја прогласија за наследничка на Џеки Кенеди. Овојпат во фокусот беше нејзиното појавување во Вашингтон каде што се сретна со претставници од американскиот Кабинет за национална контрола на наркотици.
На настанот се појави во едноставен, но ефектен аутфит. Меланија се одлучи за минимализам, облечена во тексас долга кошула дизајнирана од Викторија Бекам која ја искомбинира со крем тесни панталони и чевли на Лобутан.
Истата деним кошула/туника која може да се комбинира на многу начини, во јуни минатата година ја носеше и самата дизајнерка, Викторија Бекам.