(ФОТО) Меланија Трамп во веќе носен фустан: Првата модна рециклажа на првата дама на САД
Меланија Трамп заблеска во прекрасен фустан во боја на слонова коска на дружењето со мајките на американските војници.
Едноставната креација без ракави, која ја следи линијата на телото и се спушта се до колена ја изрази максимално убавината на првата дама на Америка. Извезеното цвеќе по градите и по должината на десната нога, дополнително го украсија нејзиниот целосен стајлинг.
Но, еден детал не помина незабележан. Наводно, едноставната креација со потписот на Прада, Меланија веќе ја има носено во април минатата година на конференцијата за медиуми со јапонскиот претседател Шинзо Абео и неговата сопруга Аки.
Иако, поради огромното богатство кое го ужива како прва дама на Америка, госпоѓата Трамп може на секое јавно појавување да биде скоцкана во нови стилизирани и уникатни парчиња облека, таа овој пат од својот гардеробер извлече веќе носен фустан.