(ФОТО) Министерки за одбрана во сличен стајлинг: Шекеринска и Урсула Фон дер Лаjeн

Добивај вести на Viber

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска преферира лежерна и софистицирана елеганција, која ја истакнува со секое свое појавување во јавност.

Овој пат таа се сретна со колешката со која се наоѓаат на иста позиција во различни влади, германската министерка за одбрана Урсула Фон дер Лаjeн.

Вчеравечер на пречекот на германската министерка на скопскиот аеродром, Радмила носеше класични, но лесни темносини панталони и бело сако со интересни детали. Урсула се одлучи за слична комбинација, но тоа беше за нијанса покласичен изглед.

На денешната средба во Министерството за одбрана двете дами повторно се појавија во сосема сличен стајлинг. Шекеринска носеше црнобела елегантна комбинација, додека Фон дер Лаjeн само ја промени нежно сината кошула со бела. 


- Ми беше чест да и посакам добредојде на германската министерка за одбрана Урсула Фон дер Лаjeн, во Министерствoто за одбрана. Денешната посета, во ова важно историско време за Република Македонија, е прва официјална посета на германски министер за одбрана на Македонија по 11 години. Со оваа посета, со посетата на канцеларката Меркел, која е првиот германски канцелар што ја посетил Македонија од осамостојувањето, како и со посетата на министерот за надворешни работи, Мас, Германија јасно покажа дека е искрен, вистински пријател на Македонија- напиша Радмила Шекеринска на Фејсбук, за оваа средба.


Фото: Фејсбук-страница на Радмила Шекеринска