(ФОТО) Мишел Фајфер ја промени бојата на косата: Сега сите сакаме ваква фризура

Добивај вести на Viber

Омилената Мишел Фајфер, една од најубавите жени во светот која сите ја паметиме од филмот „Scarface“ - русата коса беше нејзин заштитен знак со години, па многумина беа изненадени од оваа трансформација.

Мишел Фајфер (62) одлучи драстично да го промени својот изглед, а овој нејзин чекор предизвика голема фама и возбуда. Откако ја објави фотографијата на Инстаграм, позитивните коментари не престануваат да пристигаат.

Мишел стана црвенокоса, а оваа боја ги истакна нејзините сини очи и посветлиот тен. Фактот што оваа фотографија доби над 100 илјади лајкови за само неколку часа доволно зборува за тоа колку нејзините следбеници ја сакале оваа промена.

Всушност актерката ја обои косата за потребите на филмот што моментално го снима, а дали ќе ја задржи оваа боја во иднина останува да видиме.

Фризерите се едногласни дека оваа боја е голем тренд во моментот, како и воопшто потоплите нијанси. Црвеникавите тонови се дефинитивно погодок скоро за сите, и тие се многу актуелни оваа есен, и ќе продолжат да бидат во текот на зимата.

извор:stil.kurir.rs