Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Модата на Макфест: Марјана, Наташа и Симона елегантни и секси
Со кревање на фестивалското знаме започна Фестивалот на забавни мелодии во Штип,„Макфест“, кој оваа година се одржува на 4,5 и 6 октомври.
На првата полуфинална вечер особено внимание со својот стајлинг привлече водителката на фестивалот, Марјана Станојковска. Таа блесна во светкав долг фустан, од познатиот бренд Нана, чие е заштитно лице со години.
Пејачката Симона Попоска се претстави со песната „Остани“. За нејзиниот необичен стајлинг беше задолжен дизајнерот Златко Јовановски ЈЗЈ.
Пејачката Наташа Малинкова ја испеа песната „Милион причини“, а нејзиниот дамски сив долг фустан, многумина остави без зборови.