(ФОТО) Модата пред 15 години: Лила и Маја со екстензии

Добивај вести на Viber

Надградба на косата или екстензиите беа многу популарни пред повеќе од десет години. Тој тренд го негуваа некои од нашите јавни личности. 

Дел од нив се и пејачката Маја Гроздановска- Панчева и водителката Лила Стојановска. На архивските фотографии ве потсетуваме на настапите на Маја и на Лила на еден домашен музички летен фестивал. Лила пред 15 години имаше куса музичка кариера, а освен дуетот со нејзиниот колега, Александар Блажевски, сними песна со групата „Арија“. Гитарист во бендот беше нејзинот поранешен сопруг Орце Димитровски, со кого Лила во тоа време беше во врска. 

Лила која секогаш изгледа модерно и тренди е облечена во духот на тоа време, а додатоците кои ги има во косата беа вистински моден хит.

Маја Панчева пак, ѝ е верна на долгата руса коса која ја негува со години, а за потребите на настапот на фестивалот имаше интересен стајлинг со додатоци.