(ФОТО) МОДЕН ДВОБОЈ: Шерон Стоун и Шарлиз Терон во ист фустан

Добивај вести на Viber

Шерон Стоун и Шарлиз Терон очигледно имаат ист стилист. Холивудските актерки се појавија во речиси идентично издание на два различни гламурозни настани.

Јужноафриканската убавица блесна на традиционалната гала-вечер организирана од фондацијата Cinema for Peace во рамките на филмскиот фестивал во Берлин. На свечениот настан 43-годишната Шарлиз се појави во спортски црн фустан на модната куќа Диор за која со години е заштитно лице на нивниот парфем.

Шерон Стоун, пак, со речиси ист фустан се појави на забавата во Лос Анџелес која ја организираше музичарот Стивен Тајлер во очи на доделувањето на наградите „Греми“. Ѕвездата од филмот „Основен инстинкт“ креацијата ја надополни со чанта на Диор  и со чизми на Фенди.