(ФОТО) Моден погодок: Радмила Шеќеринска во нејзината омилена боја

Добивај вести на Viber

Кај дрес кодот на политичарите, неопходно е да се стави акцент на елеганцијата, која дополнително придонесува за поголема претставителност. 

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, преферира лежерна и софистицирана елеганција, а тоа го потврдува со стилот на своите јавни средби. 

На денешното потпишување на документи за соработка помеѓу претставници на владите на Македонија и Грција, таа се појави во одлична сино-бела комбинација надополнета со бисери.

Станува збор за бело миди здолниште со широк крој и интересен дезен, надополнето со блуза сако во една од боите кои Шеќеринска преферира да ги комбинира во своите официјални аутфити. Тоа е мастилно сината боја, во која видовме дека вицепремиерката има тренди „oversized“ капут и сакоа.