(ФОТО) Модна инспирација: 5 предлози за комбинирање на кожено здолниште оваа сезона

Добивај вести на Viber

Кожените модели се многу популарни оваа сезона, а со вакво парче во модната комбинација, секако ќе бидете забележани и пофалени.

Сите дами полудеа по ова впечатливо кожено здолниште, кое може да се комбинира на безброј начини, а ние ви носиме неколку предлози кои можат да ви послужат како инспирација.

Викторија Бекам има комбинација за чиста десетка.

Џемпер, длабоки чизми и кожено здолниште се дефинитивно топ избор.

Коженото здолниште одлично изгледа и со хулахопки со интересен дезен, кои се тренд број еден за оваа сезона.

Особено се посебни оние со животински принт.

Здолништата со „А“ крој се многу популарни. Во комбинација со бела кошула се одличен избор.