Моден фокус // Трендови
(ФОТО) МОДНА ПЕТКА ЗА ИВАНКА ТРАМП: Воодушевува со стилот и комбинациите
Капут од брендот "Khaite Cornelia" во камел нијанса под кој носела џемпер и деловни панталони во иста боја ја претвори Иванка Трамп во вистинска елегантна дама, а дека не мора изгледот да биде нужно доследен ако е цел во иста боја докажала и со изборот на салонки во идентична нијанса.
Целата дневно-деловна комбинација која ја облекла за службен пат изгледала соодветна на нејзината функција која ја извршува како десна рака на својот татко Доналд Трамп, актуелниот американски претседател.
Иванка Трамп, првата ќерка на Америка како што ја нарекуваат американските медиуми, ретко кога греши кога е во прашање модата, а на тоа сигурно допринесува и нејзиниот долгогодишен стаж во модната индустрија.