(ФОТО) Модни комбинации за трудници: За пролет во модерен стил

Добивај вести на Viber

Новата сезона со себе ни донесе и нови трендови, па веќе пишувавме за боите кои се во фокусот, моделите на чевли, чанти, како и кои трендови по прашањето на гардероба стапиле на сцена. Секако , во таа смисла треба да им посветиме внимание и на дамите кои се во блажена состојба, чие тело во текот на 9 месеци константно се менува и кои го имаат тој фактор на „ограничување“-стомак, кога е стилот на облекување во прашање. Но, со вистинските совети не мора да биде така. И трудничкиот стил може да биде шик и модерен.

Затоа за вас подготвивме предлози на модни комбинации за трудници. Продолжете со читањето и бидете во тренд оваа пролет.

Moже да почнеме со разгледување на комбинациите, а како инспирација и овој пат се послуживме од светските модни блогерки.

Секако дека фармерките се парче облека број еден и кога е во прашање трудничкиот стил. Специјално дизајнирани за идните мајки со растеглив појас се одличен избор на вашите дневни комбинации.

Teксас кошулите оваа сезона пак се во фокусот. Удобни се, модерни и благодарни за комбинирање.


Секако, фустаните се можеби и најдобар избор кога се работи за облека на трудница. Тие ќе ви овозможат да се чувствувате удобно, и ништо да не ве стега, што ќе ви биде посебно значајно ако сте во поодминат месец од бременоста.


Не заборавајте го ни цветниот дезен.

А во оние секојдневни, цветни дезени на лежерни панталони во комбинација со бела памучна блуза со спуштени ракави-уште еден полн погодок и комотност на прво место!

Или, памучен бел фустан со еспадрили и тексас јакна - комбинација во која се вљубивме, и која може да се вклопи и во вашиот труднички  стил! Идеална за шетање, за одење на кафе со пријателките или пак во предпородилен шопинг.


Јасно е дека секој од нашите предлози пред се мора да биде удобна опција за идните мајки. Но, и актрактивна, па затоа не го заобиколуваме ни пругастиот дезен.


Да не го заборавиме ни класикот во вид на црн фустан, кој во зависност на кој начин го носиме, може да се трансформира на илјадници начини.

И на крај два предлози за сите оние трудници на кои им треба елегентна модна комбинанција.