(ФОТО) Мојот маж е најдобар глумец: Северина во шик фустан на премиера
Северина Којиќ предизвика најголемо внимание на премиерата на филмот „Последниот Србин во Хрватска“ во кој игра и таа.
Режисерот Предраг Личина, филмот го нарече „зомби хорор комедија“. Хрватската ѕвезда на премиерата се појави во долг тесен розов фустан кој го искомбинира со штикли во слична боја.
„Предраг е мој добар пријател, работеше на некои од моите спотови. Затоа го сакам неговиот хумор, мислам дека ова е еден од најдуховитите филмови. Сакав на сопругот да му го пуштам уште еднаш, едвај чекам пак да го гледам“, изјавила Северина на премиерата.
Фото: Јутарњи листТаа во филмот глуми ја Италијанката Франческа, и ѝ даде интерсен одговор на една новинарка која ѝ рече дека има многу мала улога.
„Мојата улога е мала, но важна. Тие не можат без мене“, изјави Северина за телевизијата РТЛ. Во филмот глумат и нејзиниот сопруг Игор Којиќ и менаџерот Томислав Петровиќ. „Многу сум среќна што мојот сопруг и мојот менаџер се добри глумци“, додала Северина.
Северина во сцена од филмот во која игра со познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ