(ФОТО) Моќ и маркантност: Ленче Ристоска во класичен црн костим на рочиште
Денеска во кривичниот суд продолжуваат судењата на предметите на СЈО, и тоа со старите обвинители, меѓу кои и Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.
Ленче е препознатлива русокоса со својата кратка и секогаш одлично исфенирана фризура.
Таа преферира класичен стил, па затоа овојпат се појави на рочиштето за предметот „Талир 2“ во класичен црн костим искомбиниран со бела кошула. Ова е всушност стил што во исто време носи умереност и го покажува одличниот вкус за мода на обвинителката.
Црниот костим е модификација од машкиот костим, и претставува доминација, моќ и маркантност.
Комбинацијата ја заокружи со високи потпетици во неутрална нијанса, а со себе ја понесе и препознатливата насмевка.
Фото: A1on.mk
Може да ве интересира и : (ФОТО) Не знам кои предмети ги добила, но бескрајно се грижи за својата нова улога: Нора Шаќири за Фатиме Фетаи