Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Сите очи вперени во нив: Моника Белучи на црвен тепих со своето помладо момче
Италијанската филмска дива Моника Белучи синоќа се појави на црвениот тепих на „Elle“ гала вечерта во Мадрид.
Овојпат за промена фокусот не беше на неа, но на нејзиното момче. Имено таа со себе го понесе и младото момче Николас Лефевр, а двојката цело време заљубено позираше пред фотографите.
Актерката на гала вечерта се појави во својот препознатлив стил- во интересна елегантна тоалета со неколку различни дезени, со потпис на „Долче и Габана“.
Иако сите се радуваат што 54-годишната убавица повторно пронајде љубов, сепак многумина коментираат дека 36-годишниот уметник со својот „запуштен изглед“ кој инаку доликува на француски уметник, некако не оди со убавината на Моника Белучи.