(ФОТО) Мора да ги имате: Чизмите на Антонија Гиговска се апсолутен хит

Добивај вести на Viber

Антонија Гиговска е овогодишната победничка на музичкиот фестивал „Макфест 2018“. Со нумерата „Никогаш не вели никогаш“ и 30 освоени гласови таа го освои првото место на реномираниот фестивал.

За одличниот изглед на младата пејачка е заслужна модната стилистка Викторија Бурсак. Гиговска носеше мал црн фустан од чипка со интересни светкави детали на едната страна.

Она што остави особен впечаток се нејзините чизми на висока пета, над колената. Тие веќе неколку сезони по ред се хит за есенската сезона.

Тие се омилени и кај многу познати светски ѕвезди, како Блек Лајвли и Кендал Џенер.