(ФОТО) Мора да ги имате: Обувки поради кои штиклите заминаа во историјата
Високите потпетици со децении ги красеа модните писти и беа незаменливи кога е во прашање елеганцијата во стилот на жените. Но изгледа дека нивниот трон е размрдан, бидејќи ова модерно време донесе еден нов тренд.
Веќе е познато дека модерните патики им го преземаа тронот на високите потпетици, а овој несекојдневен тренд веќе е наголемо прифатен од сите.
Според модната платформа „Lyst“, патиките претставуваат четири од првите десет најбарани модни парчиња во четвртиот квартал од 201-та година.
Серена Вилијамс носеше патики за свадбата на Хари и Меган Маркл, исто како и за нејзината свадба.
Иако пред 10 години, патиките никако не би се сметале како формална облека, сега модниот менталитет е многу променет. Кодот на облекување воглавно е поопуштен, што овозможува патиките да се вклопат во деловни комбинации за секоја пригода.
Инстаграм е преплавен со патики, а овој тренд е омилен кај светските ѕвезди и модни блогерки.
Патиките се дефинитивно тренд број еден и парче кое мора да се најде во вашиот гардеробер. Може да ги носите со комбинации на фустани, фармерки, панталони и сако.. и што уште не.