(ФОТО) Мора да го имате: Кејти Холмс во совршен Манго капут
Актерката Кејти Холмс е препознатлива по својот одличен моден стил. Со тоа се согласи и „Вог“ и ја прогласи за една од највлијателните модни икони во 2019-та година.
Убавата актерка обожава да носи парчиња кои се дел од колекциите на брендот Манго.
Без разлика дали станува збор за едноставни дневни комбинации со впечатлив џемпер и фармерки, или пак уникатен мал црн фустан, Кејти беше кралица на стилските комбинации од кои ниту една не помина незабележано.
Меѓу стајлинзите со кои прекрасната актерка нè освои беше и онаа во која белите фармерки и блуза ги украси со уникатен капут од Манго, а истиот во подолга варијанта сега можете да го нарачате онлајн, по цена од 6490 денари.
Она што е супер е тоа што станува збор за капут вреден за инвестиција, бидејќи истиот можете да го комбинирате со што и да посакате, без разлика на пригодата.