(ФОТО) Може да се носи на 100 начини: Секоја жена треба да го има оваа парче облека
Не е новост дека по кратката доминација на
максимализмот, повторно завладеа минимализмот, па затоа не е чудно што
трендсетерките се во постојана потрага по едноставни, основни парчиња кои се
многу лесни за прилагодување на кој било стајлинг. Веројатно такво парче облека
веќе имате во вашиот плакар, а во последните неколку месеци ги поплави
профилите на водечките инфлуенсерки и модни блогери.
Доказот дека останувањето во изолација го смени
погледот на модата е растечката популарност на овој тренд што никој не го
очекуваше. Обичните маички без ракави кои наликуваат на машка долна облека,
целосно ги „полуди“модните зависници, кои во деновите на корона кризата се
наведоа кон минималистички стил на облека.
Обидете се сами да направите комбинации со
помош на ова основно модно парче и ќе ја разберете нејзината моќ на трансформација.
Обична бела маичка без ракави е совршен додаток на секоја гардероба, бидејќи
може да се комбинира на сто начини.
Носете ја под огромна јакна и со омилените фармерки или панталони со висока половина и добивате стајлинг кој, во зависност од модните детали, лесно се прилагодува во сите прилики. Исто така, ќе изгледа одлично во комбинација со здолниште во миди должина и сандали со потпетици. Ова се, секако, само некои од начините на кои можете да го носите ова модно парче што веројатно веќе ги имате во вашиот плакар.
Трендсетерите сакаат да ја носат обичната бела
маичка без ништо над неа, но и на гола кожа, што му дава на стајлингот
неверојатна доза на сексапил. Ако се чувствувате доволно храбри да ја напуштите
куќата без градник - слободно! Вие сигурно нема да бидете единствената.
Ако сè уште немате обична бела маичка во вашиот плакар, ви предлагаме да инвестирате во неколку парчиња 100% памук што е пријатно за кожата и за потоплите денови.
Се разбира, не мора да се одлучите за бел модел.
Поентата е само да се придржуваме кон неутрални бои како црна или маичка во бојата
на кожата за да постигнете ненаметлив, минималистички стајлинг.
(ФОТО) ЌЕ ДОМИНИРААТ: Модели фармерки во кои ќе бидете модерни оваа пролет